Студентката по право Терзел Расмус (29) од Јужна Африка се омажила за пензионерот Вилсон Расмус (80) и тврди дека нивната љубов е убава и покрај разликата од 51 година меѓу нив, па признава дека не се обидува да им биде мајка на неговите деца кои се скоро 30 години постари од неа.

Се запознале во 2016 година на еден настан организиран од локалниот весник и лудо се вљубиле и покрај тоа што внуците на Вилсон се врсници на Терзел.

Родителите на Терзел ја поддржале врската од самиот почеток, па тие после една година забавување се венчале, а сведок им била 56-годишната ќерка на Вилсон.

– Се запознавме на настан каде што јас бев дежурен новинар и фотограф. Кога ја завршив работата уживав танцувајќи, а Вилсон праша дали може да седна покрај мене. Реков да, и се е историја, раскажала студентката.

Смениле броеви, па брзо следувала и покана за средба. Терзел објаснила дека ова е нејзината прва долга врска и уште после првите три месеци посакала да се омажи за Вилскон. Разликата во години велат не ги плаши, туку велат дека се дополнуваат.

– Ми помага со давање совети кога се во прашање големите одлуки. Можам да се потпрам на него за се, рекла девојката.

Единствено во што мора да му помага на својот сопруг е технологијата.

– Никогаш не се доживував себе си како постара личност и ова ме одржа здрав и полн со живот. Да се ожениш со помлад е подобро отколку со некој на мои години, така двајцата ќе бидеме стари и ќе нема кој да ми помага. Ми се допаѓа фактот дека таа ќе биде тука да ме чува во староста, вели 80-годишниот Вилсон

Проблеми со семејствата немале, напротив ги поддржуваат.

– Моите го сакаат Вилсон, татко ми беше импресиониран од него затоа што секогаш сакаше да бидам со човек кој ќе се грижи за мене. Ќерките на Вилсон убаво ме прифатија и со мене се однесуваат убаво и како да нема разлика во годините. Знаат дека татко им е среќен и повеќе не е сам, а тоа е единствено важно, додала студентската. Но признала и дека во јавноста често ги сметаат за дедо и внука или татко и ќерка и има лоши коментари на социјалните мрежи.