logo
logo
logo

„Таа е постара од мене, на се ме научи, АМА ЕДНА РАБОТА И Е ПРОБЛЕМ“

Vecer | 28.04.2021

„Таа е постара од мене, на се ме научи, АМА ЕДНА РАБОТА И Е ПРОБЛЕМ“

По шест месеци врска со жена која е многу постара од него, еден Англичанец сфатил дека романсата се претвора во неочекуван проблем.

„Имам 27 години и пред шест месеци запознав волшебна жена која има 45 години, но никогаш не ми пречеше таа разлика во годините“, објаснува тој.

„Се запознавме преку Интернет, најпрво разменивме пораки, а потоа се сретнавме и оттогаш сме во врска. Таа е убава, и навистина не изгледа како да е постара од мене 18 години “, вели младиот човек и продолжува:

„Правиме се што прават другите парови - се држиме за раце, се бакнуваме и гледаме филмови. Се чувствувам како да се заљубувам во неа и постојано размислувам за неа“.

„Но, по само неколку недели, дури и пред да имаме секс, таа ми рече дека сака да се гледаме повремено. Таа ми објасни дека разликата во возраста е преголема и дека не гледа како може да функционира долгорочно“, рече тој

„Од самиот почеток, сексот е неверојатен. Таа е многу поискусна од мене и ме научи на сè во кревет. Уживам да учам од неа, сепак, тоа не ми е доволно, бидејќи сакам вистинска врска со неа, а таа одбива. Таа дури се лути кога ќе и испратам љубовна порака или ќе и кажам колку ми се допаѓа“.

Најлошото од сè е што таа воопшто не сака да зборува за тоа и постојано повторува дека нашата врска никогаш нема да биде сериозна. Јас навистина не ја разбирам, правиме сè заедно, одиме на шопинг, заедно планираме викенди. Јас исто така знам дека таа им кажа на своите пријатели за мене, и тоа е сосема во ред за нив “, наведува тој.

„Претходно имав врски без обврски, но овој пат стануваше збор за нешто многу поважно од самиот секс. Тука се вклучени искрените чувства. Па, тогаш зошто не сака да зборува за иднината“, се прашува младиот човек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk