logo
logo
logo

Таа е една од 100те луѓе во светот кои се алергични на вода: Сакам да пливам и да можам на раат да се исплачам!

Vecer | 27.05.2021

Таа е една од 100те луѓе во светот кои се алергични на вода: Сакам да пливам и да можам на раат да се исплачам!

„Невозможно е“, „Измислуваш“, „Како може да бидеш алергична на вода кога сме создадени од вода?“, ова се само дел од прашањата и коментарите кои Рејчел Ворик ги добива на секојдневна основа.

Имено, верувале или не, Рејчел е алергична на вода и една од 100те луѓе во светот кои го имааат овој проблем. Таа во интервју за Гардијан вели дека кога била дете обожувала да плива.

– Како дете навистина ми се допаѓаше пливањето. Одевме на базен секоја недела и можев да бидам во вода со часови. Кога имав околу 12 години, забележав промена. Откако бев во вода, почувствував чешање. Отпрвин, тоа беше само една од работите за кои не размислувате, но се влоши во тинејџерските денови што повеќе личеше на осип од коприва, заедно со чешање и пцекање, вели Рејчел за „Гардијан“.

Откако симтомите и се влошиле, Рејчел посетила доктор кој тогаш и кажал дека реакцијата е причина на сапунот кој го користи и дека е потребно да го смени.

– Чувството на печење се влоши. Бев упатена на друг лекар кој знаеше што е ова – аквагена уртикарија, реакција на кожата при контакт со вода. Неверојатно ретка состојба која е пријавена само во околу 100 случаи. А јас сум меѓу тие 100, додава Ворик.

Па така медицинските препораки кои ги добила за да ги минимализира реакциите се туширањето да биде сведено на минумим – односно еднаш неделно. Но проблемите не се намалиле и Рејчел наскоро сфатила дека ќе мора што побрзо да научи да живее со оваа состојба.

– Кога се туширам, чувствувам трнење неколку минути под мојата кожа. Потоа преминува во чувство на чешање, како нешто да ми ја „џвака“ кожата одвнатре. Почнува да гори и се појавува осип. Во зависност од тоа колку сум била во контакт со вода, може да потрае и до два часа за кожата повторно да се смири, објаснува таа.

Таа вели дека и било советувано да избегнува дожд, па затоа носи мантили за да се заштити, а ако случајно нема при рака – таа мора да се врати дома што е можно побрзо.

– Дури и плачењето е проблем за мене. Ако плачам, кожата ми станува жешка, чеша и отекува, па се чини како да сум инјектирала ботокс. Нема лек за оваа состојба и иако може да се контролира, не е можно со сигурност да се каже што ќе работи кај која индивидуа. Јас правам што можам, пијам многу млеко за да избегнам контакт со вода, сопругот ми помага да се избришам со тапкање и се обидов да ја сменам температурата под туш или да не користам сапун – но ништо, тие ги влошуваат проблемите. Земав и силни антихистаминици, но тие само ме заспиваа – вели Рејчел.

Германска ТВ-компанија, која слушнала за нејзините проблеми, ги платила трошоците за патувањето до Берлин до „Центарот за алергии“.

– Се надевав дека ќе ми помогне, но се покажа дека е залудно патување. Се обидов да поставам прашања, но временското ограничување значеше дека е скоро невозможно да се добијат одговори. Кога камерите ќе се исклучат, излегува дека морам да платам околу 1000 фунти за лекување. Не можев да си дозволам – вели Рејчел.

Утешителна околност за неа е што нејзината алергиска реакција не е опасна по живот, за разлика од другите луѓе кои мораат да ја посетуваат брзата помош неколку пати годишно, бидејќи најчест симптом на алергиите е задушување.

– Во мојот случај, тоа е претежно болно, грдо и исцрпувачко. Посакувам луѓето да беа малку пољубезни со мене. Сè уште немам одговори на сите прашања што ги поставуваат. Јас сè уште пливам повремено, иако само потењето на одмор е проблем. После тоа, јас сум покриена со црвени дамки и сите ме гледаат. Би сакала да се направат повеќе истражувања на оваа тема, за конечно да се добие нешто што помага, дури и ако тоа се само студии. Би сакала да пливам без болка еден ден – заклучи Рејчел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk