СЗО: Поради консумација на алкохол годишно умираат три милиони луѓе

Алкохолот годишно убива околу три милиони луѓе низ целиот свет, односно прекумерната консумација на алкохол убива повеќе луѓе отколку сидата, туберкулозата и разните форми на насилство, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

Многу сообраќајни несреќи, убиства, повреди, кардиоваскуларни и некои инфективни болести се поврзани со консумирање алкохол и од тоа на годишно ниво умира 5,3 проценти од светската популација. СЗО соопшти дека во 2016 година, три милиони луѓе починале од ефектите на алкохолот, а во 2012 година, 3,3 милиони.

Организацијата додава дека се забележани позитивни трендови во намалувањето на консумација на алкохол, но предупреди дека од три милиони жртви, 28 проценти загинале во сообраќајни незгоди. Околу 2,3 милијарди луѓе во светот пијат алкохол, соопшти СЗО, а најмногу на американскиот континент, Европа и регионот на западниот Пацифик.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари