СЗО: Европејците живеат долго, но имаат проблем со тежината и премногу пушат

Луѓето од Европа живеат подолго, се наведува во извештајот на Европската здравствена агенција, но исто така се предупредува дека напредокот го загразуваат факторите на ризик, како што се пушењето и зголемената телесна тежина.

Европскиот здравствен извештај вели дека просечниот очекуван животен век во 2015 година изнесувал 77,9 години, што е повеќе од една година подолго од 2010 година.

Сепак, постои разлика од повеќе од 11 години помеѓу земјите со највисок и најнизок очекуван животен век. Така, во Луксембург овој параметар изнесува 83,1 години, додека во Молдавија е 71,6.

Извештајот беше објавен од страна на eвропската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) со седиште во Копенхаген, која прави анализи во 53 земји.

Пушењето, алкохолот и дебелината се меѓу факторите на ризик поврзани со начинот на живот кои можат да го повратат напредокот кон шесте клучни цели на СЗО усвоени во 2012 година, во рамки на иницијативата „Здравје 2020“.

Меѓу целите е да се намали стапката на прерана смрт, да се зголеми очекуваната должина на животот и да се промовира универзалната достапност на здравствената заштита.

Во извештајот се забележува дека Европа има најголем процент на пушачи меѓу шесте региони на СЗО. Во 2013 година, во просек 29 проценти од Европејците над 15 години биле пушачи, се вели во извештајот.

Пиењето алкохол кај возрасните исто така е повеќе застапено во Европа отколку на другите места во светот, се наведува во извештајот, во кој се додава дека во 2014 година биле испиени 8,5 литри чист алкохол по лице.

За повеќе од половина од европското население, речиси 59 отсто, се сметало дека има прекумерна телесна тежина во 2016 година, стои во извештајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари