logo
logo
logo

Светот пред нова пандемија? Позната британска научничка предупредува на вирусот Нипа

Vecer | 15.10.2021

Светот пред нова пандемија? Позната британска научничка предупредува на вирусот Нипа

Светот би можел да се соочи со нова пандемија. Се работи за вирус кој предизвикува треска, главоболка, отежнато дишење, а меѓу сериозните симптоми се оток на мозокот и кома.

Познатата британска научничка Сара Гилберт, предупреди дека вирусот нипа, кој убива најмалку половина од заразените, може да ги предизвика една од следните пандемии. Таа смета дека не постои вакцина против овој вирус која, меѓу другите симптоми, предизвикува оток на мозокот, пишува британски Сан.

„Секој знае како се шири САРС-КоВ-2 низ целиот свет. Тој мутираше, еволуираше и завршивме со делта варијантата која е многу пренослива. Ако добиеме делта варијанта на вирусот нипа, тогаш одеднаш имаме многу пренослив вирус со 50 проценти смртност“, рече Гилберт.

Гилберт вели дека нејзиниот тим веќе се бори да собере пари за развој на вакцини против веќе познатите болести, а за оние што допрва ќе се појават, ќе мора да почекаат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk