logo
logo
logo

СВЕТОТ ПОЛУДЕ ПО ОВОЈ НАПИТОК: Готвач објави рецепт за чоколаден шејк со кој изгубил 8 килограми за 12 недели (ВИДЕО)

Vecer | 14.09.2021

СВЕТОТ ПОЛУДЕ ПО ОВОЈ НАПИТОК: Готвач објави рецепт за чоколаден шејк со кој изгубил 8 килограми за 12 недели (ВИДЕО)

Инфлуенцерот Џое Даф, попознат како диетален готвач, во своето ново видео сподели рецепт за шејк што го пие секој ден, откако неодамна држеше диета. Тој верува дека токму овој пијалок му помогнал да изгуби 8 килограми за 12 недели.

„Откако го пијам шејкот, обично не сум гладен остатокот од денот“, вели тој.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=-1RJNB1-Ycs&feature=emb_title[/embed]

Обично го консумира наутро, а потоа издржува без храна со часови.

„Тој е богат со протеини и содржи малку кофеин“, објаснува тој.

Основата на шејкот е чаша млеко. Даф користи незасладено бадемово млеко со вкус на ванила. Потоа додава една мала или средна банана, околу 45 грама чоколаден сируп без шеќер и три лажици црно какао во прав.

Покрај тоа, Даф додава лажица протеински прав и мраз и ги комбинира сите состојки во блендер. Откако ќе го истурите шејкот во чаша, истурете го шлагот и посипете со какао во прав.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk