logo
logo
logo

СУВА СВАДБА, тренд што се шири но, дали врши работа

Vecer | 25.03.2023

СУВА СВАДБА, тренд што се шири но, дали врши работа

Цените за организирање свадби драстично „скокнаа“. Во однос на претходната година, тие се за 30 отсто повисоки, што масовно ги „приморува“ младенците да се откажат од одредени работи.

За жал, младенците се откажуваат од огномет, младенците земаат поевтини венчаници, а исто така се откажуваат од некои сегменти поврзани со украсувањето или избираат ресторан кој е поевтин во работните денови отколку во викендите“, рече тој.

Сепак, еден пар дошол на идеја да направат „сува свадба“. Станува збор за тренд кој подразбира само консумирање вода, без кафе, сокови и алкохол. Овој тип на прослава е се поактуелен, но се чини дека тоа воопшто не им се допаѓа на гостите. Невестата ги прашала корисниците на Редит што мислат за одлуката да се служи само вода за пиење во пресрет на најубавиот ден.

Објаснила дека таа и нејзиниот иден сопруг не пијат ништо освен вода и дека веруваат дека пиењето е голем и непотребен трошок за големиот ден, кој сами го финансираат. „Ние пиеме само вода. Ретко пиеме газирани пијалоци, а не пиеме ни кафе“, објасни таа и додаде дека на свадбата ќе има до 150 гости и дека секој од нив ќе има богат асортиман на храна. "Кога семејствата и пријателите дознаа, тие многу се налутија. На некои не им беше грижа, но некои се навистина бесни поради тоа", признала невестата.

Гостите предложија дека би било во ред да се постави бар каде што ќе можат сами да нарачаат и да платат за пијалоците. Но, невестата е строго против таа идеја, објаснувајќи дека ќе мора да им плати на шанкерите, а го одбила и предлогот сокот да се служи дури и на децата. Нејзиниот потег многумина го окарактеризираа како „евтин“, но имаше и такви кои сметаат дека „сува свадба“ е добра идеја.

"Луѓето се трудат, носат подароци, прослава е! Лудо е да се пие вода", "Нема ништо забавно ако се пие само вода", "Луѓето сакаат да се опуштат, особено на свадби каде што не познаваат никого", " Сурово, глупаво“, прочитаа само некои од коментарите, а потоа една жена напиша: „Отидов на сува свадба (невестата и младоженецот закрепнаа од алкохолизам) која имаше три различни коктели за избор и тоа го направи многу славенички“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk