logo
logo
logo

Студија во САД: Само 0,01% од вакцинираните заболеле од Ковид-19, а смртноста е 0,0001%

Vecer | 26.05.2021

Студија во САД: Само 0,01% од вакцинираните заболеле од Ковид-19, а смртноста е 0,0001%

Американска студија покажа дека вакцината е многу ефикасна, доносно во истражувањето спороведено во периодот помеѓу јануари и април оваа година утврдено е дека приближно 0,01 процент од луѓето вакцинирани со две дози добиле Ковид-19.

Извештај на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) ги документира таканаречените случаи на „пробив“ на вирусот меѓу 101 милиони вакцинирани со двете дози во САД.

„Иако се работи за високо ефективни вакцини, очекувани се случаи на „пробив“, особено пред имунитетот кај популацијата да достигне доволно високо ниво кое ќе е доволно за намалување на преносот“, се вели во извештајот.

Анкетата го опфати периодот од 1 јануари до 30 април.

Вкупно 10.262 инфекции се документирани две недели или повеќе по вакцинацијата и со втората доза на една од вакцините одобрени од ЦДЦ - Фајзер, Модерна и Џонсон&Џонсон.

Просечната возраст на овие пациенти била 58 години, а мнозинството, во 63 проценти од случаите, биле жени.

Од вкупниот број на „пробиви“  706 случаи или седум проценти од пациентите биле хоспитализирани, а 132 или еден процент починале поради причини поврзани со Ковид-19. Останатите беа лесни или асимптоматски случаи откриени со рутинско тестирање.

Ова значи дека стапката на хоспитализација во вкупниот број на вакцинирани е приближно 0.0007 проценти, а стапката на смртност е 0.0001 проценти.

Геномското секвенционирање на достапните случаи на инфекција покажа дека најчестата варијанта на вирусот во случаи на „пробив“ е британскиот сој - Б.1.1.7.

„Бројот на болести, хоспитализации и смртни случаи спречени со вакцинација далеку ја надминува инциденцата на „пробив““, напишаа авторите.

Сепак, ЦДЦ забележува дека е многу веројатно дека има повеќе случаи на „пробив“, бидејќи луѓето кои се вакцинирани со двете дози на вакцината ретко се тестираат редовно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk