logo
logo
logo

СТУДИЈА: Кучињата можат брзо да го детектираат Корона вирусот

Vecer | 24.05.2021

СТУДИЈА: Кучињата можат брзо да го детектираат Корона вирусот

Кучињата може да се обучат за откривање на повеќе од 90 проценти од инфекциите со ковид-19, дури и кога пациентите се асимптоматски, според студијата објавена во понеделникот, а нејзините автори се надеваат дека тоа може да ја замени потребата за карантин на патници кои влегуваат во други земји.

Користејќи го своето извонредно чувство за мирис, кучињата претходно докажаа дека можат да намирисаат болести како што се рак, маларија или епилепсија.

Неколку претходни студии покажаа дека тие исто така успеваат да ги детектираат заразените со вирусот САРС-CoVa-2.

Научниците од Лондонскиот факултет за инфективни болести и тропска медицина се обиделе во студијата да утврдат дали кучињата можат да детектираат препознатлив мирис на хемиски соединенија кај Ковид позитивни луѓе кои не покажуваат никакви симптоми на болеста.

Тие собраа облека и заштитни маски од луѓе со позитивен тест за  САРС-CoVа-2.

Меѓу облеката имало и чорапи на 200 лица заразени со коронавирус, кои биле поделени на шест кучиња претходно обучени на лабораториски тестови за да предупредат на присуството или отсуството на потребното хемиско соединение.

Кучињата требаше да бидат обучени така што тие да не препознаваат „лажен позитивен резултат“, обидувајќи се да добијат награда дури и ако на дадениот тест нема примероци од ковида-19.

„Ова значи дека обученото куче целосно ја разбира задачата и добива награда за препознавање на точниот негативен резултат од тестот, но исто така и точниот позитивен резултат“, објасни Клер Гост од Факултетот за инфективни и тропски болести.

Се покажа дека кучињата во студијата успеваат да идентификуваат меѓу 82 и 94 проценти од примероците на САРС-CoVa-2 за само една секунда.

Истражувачите потоа ја проучувале ефективноста на овие резултати во откривање на благи или асимптоматски случаи на ковид-19, споредувајќи ги со традиционалните ПЦР тестови.

Докажано е дека со помош на специјално обучени кучиња кои се користат, на пример, за прегледување луѓе на терминалите во аеродромот, може да открие 91 процент од случаите, што резултира со 2,24 пати помала стапка на пренос на вирус отколку само со ПЦР тестовите.

Авторите на студијата, која допрва треба да помине на рецензија, велат дека се надеваат дека таквата мерка на крајот би можела да се искористи за да се замени потребата од карантин на патници бидејќи тоа претставува проблем при патувањето затоа што голем дел од  патниците не се позитивни на ковид.

„Клучниот факт е дека кучињата се значително побрзи од другите тестови“, рече коавторот на студијата Џејмс Логан. „Затоа, предлагаме прво да бидат тестирани од кучињата, а потоа патниците кои ќе бидат препознаени како позитивни, веднаш да бидат подложени на бесплатен ПЦР тест.

Научниците тврдат дека од авион полн со патници со околу 300 луѓе, статистички гледано помалку од 1% се позитивни.

Според прописите за карантин што ги користат голем број земји, сите 300 ќе мора да бидат изолирани, но со оглед на чувствителното чувство за мирис на обучени кучиња, максимум 35 патници на авиони би ги означиле животните како позитивни. На крајот, веројатно ќе се покаже дека само тројца од нив имаат позитивен ПЦР тест.

„Тоа е навистина добар почеток и може да резултира во многу корисен и употреблив систем“, рече Мик Бејли, професор по компаративна имунологија на Универзитетот во Бристол, кој не беше вклучен во истражувањето.

Тој, сепак, предупреди дека „треба да се направат многу повеќе проверки пред да можеме со сигурност да кажеме дека кучињата се во можност да детектираат асимптоматски инфекции со САРС-CoVa-2 кај патниците на аеродромите и железничките станици со голема сигурност“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk