Студија: Децата со маларија им мирисаат послатко на комарците

Децата заразени со маларија произведуваат мирис кој привлекува комарци и може да бидат нова цел во напорите за контрола на ширењето на паразитот кој убива половина милион луѓе годишно, покажува најновата студија на научниците од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина (ЛСХТ).

Британските истражувачи приклучија електроди на антените на комарците, еквивалент на нивниот нос за да го измерат нивниот интерес за примероци од мириси на нозете од децата. Тие откриле дека примероците, за кои комарците биле најзаинтересирани и ги нагризале, биле од деца со маларија.

Тимот анализирал хемиски состав на сите 117 примероци од миризби и утврдил дека групата маларија била особено висока во групата хемиски соединенија наречени алдехиди.

Значајно е тоа што децата кои имале највисоко ниво на паразитот што предизвикува маларија, имале особено високи нивоа на клучните алдехидни соединенија во нивната пот.

“Ова е првпат да се изучува мирис на кожата на луѓето што се природно инфицирани со маларија. Покажавме дека кај луѓето со маларија се менува производството на клучни испарливи хемикалии од страна на кожата, и овој нов заразен мирис се чини дека е попривлечен за комарците“ рече водечкиот автор на студијата д-р Али Робинсон.

Според студијата, маларијата делумно се развива кај човекот или кај друг животински вид, но бара женски комарец за да го комплетира својот животен циклус.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари