logo
logo
logo

СТУДИЈА: Бремените жени со корона им пренесуваат антитела на бебињата

Vecer | 01.02.2021

СТУДИЈА: Бремените жени со корона им пренесуваат антитела на бебињата

Бремените жени кои имаат Ковид-19 им пренесуваат антитела против оваа инфекција на своите деца, откриле истражувачи од Универзитетот во Пенсилванија.

Студијата е објавена во списанието ЈАМА педијатрија.

-Заштитата на новороденчињата од инфекција првенствено зависи од антителата кои се пренесуваат од мајка на бебе преку плацентата. Ова исто така важи и за заштита од САРС-КоВ-2, сепак, деталите за пренос на антитела во овој случај сè уште не се целосно разјаснети, пишува Газета.ру

Истражувачите откриле дека колку порано идната мајка се зарази со коронавирусот, во првите месеци од бременоста, толку е поголема концентрацијата на антитела во крвта на папочната врвца.

„Нашите резултати се во согласност со она што може да се очекува од студиите на други вируси“, рече професорот Скот Хенсли, еден од авторите на студијата.

Истражувачите следеле 1.714 жени кои родиле помеѓу април и август 2020 година. 83 од нив имале Ковид-19, а кај 72 бебиња научниците откриле антитела во крвта на папочната врвца, без оглед дали мајката имала симптоми на инфекција или не. Кај околу половина од децата, нивото на антитела било исто или поголемо отколку кај мајката, а во една четвртина од случаите било од 1,5 до двапати повисоко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk