logo
logo
logo

СТРИПТИЗ БАР САМО ЗА ВАКЦИНИРАНИ, како мотивација за масовна вакцинација

Vecer | 26.03.2021

СТРИПТИЗ БАР САМО ЗА ВАКЦИНИРАНИ, како мотивација за масовна вакцинација

После најавите за ковид пасоши или посета на кино, театар, концерти само за вакцинирани, дојдоа на ред и стриптиз баровите.

Ако сакаш во стриптиз бар, ќе мора да докажеш дека си вакциниран, такво правило барем воведе американскиот град Нешвил од Тенеси кој донесе одлука да ја поддржи идејата за популарен стриптиз клуб да ги отвори вратите само за вакцинирани.

Со цел да се популаризираат вакцинациите и да се наградат оние кои се грижат за сопствениот и животот на другите луѓе, властите во Нешвил се согласија бесплатно да го рекламираат стриптиз-клубот со билборди и постери во кои се повикува на „голема забава“.

Клубот ќе ги отвори вратите на 5 април, а сите што сакаат ќе можат да добијат бесплатна членарина за оваа година.

Покрај тоа, ќе добијат или чаша шампањ или билети за „специјално шоу“.

„Многумина нè погледнаа зачудено, а потоа сфатија дека оваа одлука е на сила. Луѓето кои биле вакцинирани треба да бидат поддржани. Зошто да продолжат да страдаат поради оние кои бојкотираат сè што се случува во светот, обидете се да се вратите во нормала преку вакцините. Не само што стриптиз-клубот ќе ги отвори вратите за вакцинираните, за нив ќе има уште изненадувања во градот “, откри градоначалникот на Нешвил, Џон Купер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk