logo
logo
logo

За сите кои се во знак и подзнак СТРЕЛЕЦ: Хороскоп за декември 2022

Vecer | 04.12.2022

За сите кои се во знак и подзнак СТРЕЛЕЦ: Хороскоп за декември 2022

Работа

Во декември ќе имате можност да го надополните и реализирате она што претходно морало да биде одложено поради одредени околности. Ќе ги подобрите своите контакти и соработка со другите, а ќе имате и неколку службени патувања, кои ќе ви бидат добредојдени во овој период, кога уживате во магијата на вашата сезона.

Генерално, ќе имате прилив на добра енергија и расположение и ќе успевате да завршите многу, но и да планирате за следната година. Ве очекува успех ако се занимавате со медицина, сметководство и секое поле кое бара ориентираност кон деталите. Бидете истрајни, сè што ќе посакате, ќе биде исполнето, но не преку ноќ.

На полето на финансиите, влегувате во стабилен период. Доаѓа добивка преку соработка со странство и туристички агенции.

На крајот на изминатиот месец, вашата планета Јупитер го заврши своето ретроградно патување и ви донесе креативна и продуктивна енергија која продолжува и во декември.

Со сонцето во вашиот знак поголем дел од месецот (до 21 декември) ќе имате силна самодоверба, но и моќ да го добиете она што го сакате. Но, само е важно да припазите на влијанието на опозицијата на Венера со Марс кое почнува од 1 декември со што ќе биде важно да ги негувате односите со своите соработници. Не можете да ги контролирате другите луѓе, можете само да најдете поле на заедничка соработка.

Полната Месечина на 7 декември ќе ви помогне да ја надминете тензијата во некои односи на работа и да продолжите поодговорно.

Среќа ве очекува околу 20 декември со влегувањето на Јупитер во вашата петта куќа на креативност. Ова е период кој може да ви донесе голем успех во вашите проекти.

Младата Месечина во Јарец на 23 декември ќе ве поттикне да поставите финансиски цели и да се држите до нив во следниот период.

Љубов

Стрелците кои се во врска ќе треба да најдат повеќе време за саканата личност, за да не се чувствува запоставено. Изминатиот период бевте многу зафатени, па ќе биде важно да го надоместите пропуштеното време. Можни се мали несогласувања ако сте во брак, околу семејните обврски.

Ако сте слободни, ова е месец во кој во вас се буди страста. Ќе ве привлече личност со која ќе имате многу заеднички интереси. Но, големи се шансите ова да биде авантура која потешко би преминала во нешто поголемо на долг рок. Ако го посакувате тоа, ќе треба да се потрудите од двете страни. Некои Стрелци би можеле да запознаат интересна личност преку работа.

На 7 декември, полната Месечина во Близнаци ќе ја осветли вашата седма куќа на партнерства и ќе ви донесе силна страст и оган во вашите односи. Не е важно дали сте во врска или не, ќе бидете заводливи и ќе уживате во секој момент на задоволство.

Вие сте екстравагантен знак и за вас забавата е поважна од многу други нешта, па затоа ќе си ветите дека декември нема да биде стресен месец за вас и ќе успеете во тоа. Со влегувањето на Венера во Јарец и вашата втора куќа на ресурси, ќе сакате да бидете поконкретни во љубовните односи и да покажете што точно сакате. Некои Стрелци зачудувачки ќе сакаат да официјализираат дека се во врска и затоа ќе имаат сериозен разговор со личноста со која се гледаат.

Чекајте, ве очекуваат уште добри вести, овој месец. Во влегувањето на планетата на среќата Јупитер во вашата петта куќа на задоволство на 20 декември, ве очекува изобилство од љубов и романса и одличен начин да ја завршите годината. Заокружете ја оваа дата на вашиот календар бидејќи вистинската љубовна магија почнува тогаш.

Со младата Месечина во Јарец на 23 декември ќе бидете насочени само кон оние нешта и луѓе кои ви носат задоволство и ќе се потрудите тоа да е на темата љубов.

Единствено, треба да сте внимателни на крајот на месецот со почетокот на ретроградниот Меркур на 29 декември. Не го упропастувајте убавиот љубовен месец со недоразбирања, кавги и погрешни зборови.

Здравје 

Променлива состојба, грижете се за своето здравје.

Фото: Шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk