Живот после смрtта постои, барем оној биолошки, бидејќи поедини ќелии во човечкиот мозок остануваат неколку часа откако човекот ќе почине, тврдат научниците во новата студија.

Поедини ќелии, како што наведуваат научниците во истражвањето објавено во „Sajantifik riportu“, не само што се активни, туку можат и да растат.

Се работи за глијални ќелии, пратечки ќелии во човечкиот мозок кои не спаѓаат во неуронски, туку се користат за исхрана, заштита и потпора на неуроните и околу нив формираат мијелински омотувач.

Ваквите карактеристики на глијалните ќелии, поради што добиле прекар “зомби“ ќелии, ги открил тим на чело со Џефри Леб, шеф на оделот за неурологија на чикашкиот Медицински колеџ на Универзитетот во Илионис.

– Повеќе студии претпоставуваат дека во мозокот се се запира кога срцето престанува да работи, но тоа не е случај.

– Нашите наоди ќе бидат неопходни во истражувањата на човечите мозочни ткива, бидејќи вакви промени на глијалните ќелии досега не биле прецизно востановени – вели тој.

– Глијалните ќелии се инфламаторни и нивната задача е да ја “исчистат“ околината после оштетување на мозокот, како што е недостаток на кислород или мозочен удар – вели Леб.

Ваквите резултати од истражувањето би можеле да бидат многу значајни во други студии кои узучуваат примероци на мозоци, бидејќи научниците, кои се занимаваат со истражување на неуролошки заболувања, досега не ја земале во предвид посмртната активност на глијалните ќелии. Со други зборови, истражувања на неуролошки заболувања сега ќе бидат доста попрецизни, наведува РТ.

Но ни “зомби“ ќелиите не живеат засекогаш. Истражувањето на научникот Леб утврдил дека глијалните ќелии се активни 24 часа после смрта, а потоа неможат да се разликуваат од мозочното ткиво кое почнува да се распаѓа.