logo
logo
logo

Страшна снимка од кинески забавен парк: Дваесетина луѓе висат на 10 метри височина (ВИДЕО)

Vecer | 26.01.2023

Страшна снимка од кинески забавен парк: Дваесетина луѓе висат на 10 метри височина (ВИДЕО)

Повеќе од 20 луѓе останале да висат на уредот околу 10 минути.

Кошмарното искуство се случило во забавен парк во округот Фунан, провинцијата Анхуи на 19 јануари.

Сведоците го снимиле инцидентот и го споделија видеото на Douiin, кинеската верзија на TikTok, а не долго потоа видеото се прошири на другите социјални мрежи.

На видеото, туристите може да се видат заробени на нивните седишта со нозете во воздух на највисоката точка на реквизитот.

Светлата на направата сè уште трепкале додека луѓето висат над десетици гледачи кои чекале вртелешката повторно да почне да се движи.

Работниците морале да се искачат на конструкцијата за да го поправат реквизитот откако не можеле да ја рестартираат контролната табла.

Откако клипот почна да кружи на социјалните мрежи, менаџерската компанија Anhui Shinet Entertainment Co. Ltd., објави изјава.

Персоналот тврдел дека уредот застанал на врвот бидејќи тежината на луѓето што седеле на двете страни била иста.Посочиле и дека секојдневно вршат проверки на машината.

Персоналот, исто така, соопшштил дека ако некој од туристите доживеал непријатност, можел да добие рефундирање заедно со сметка за преглед во болница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk