Сторми Даниелс уапсена во стриптиз клуб во Охајо

Американската порно ѕвезда Сторми Даниелс е уапсена во стриптиз клуб во Колумбус, Охајо, соопштил нејзиниот адвокат. Според информациите, таа била уапсена бидејќи наводно дозволила на клиент да ја допре на сцената на не сексуален начин, објави на Твитер адвокатот Мајкл Авенати.

Даниелс беше вплеткана во скандал со американскиот претседател Доналд Трамп, за кого кажа дека спиела со него во 2006 година и дека ѝ било платено да молчи, тврдења што тој ги негира.

Нејзиниот адвокат го нарече апсењето местенка и дека е политички мотивирано.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари