logo
logo
logo

ДОКАЖАНО: Што ги одбива, а ШТО ГИ ПРИВЛЕКУВА жените кај мажите

Vecer | 04.03.2021

ДОКАЖАНО: Што ги одбива, а ШТО ГИ ПРИВЛЕКУВА жените кај мажите

Жените повеќе ќе ги привлече маж кој не е сигурен дали и во колкава мера им се допаѓа, отколку оној чии чувства може да ги прочита како отворена книга, откриле научници од Универзитетот во Вирџинија и Харвард.

Тие советуваат дека за подоцнежен успех во врската, луѓето треба да се обидат да останат мистериозни и со тоа да го зголемат интересот на партнерот за себе.

Во истражувањето на жените им биле дадени дваесет Фејсбук профили на мажи. За некои им било кажано дека покажуваат најголем интерес за нив.

Жените претежно сметале дека мажите кои не покажуваат интерес за нив се попривлечни.

Авторите на студијата веруваат дека формулата за успех е непокажување на чувства кон потенцијален романтичен партнер и неодлучно и пребирливо однесување

Тие исто така утврдиле дека при изборот на потенцијален партнер, луѓето се водат од животински инстинкти, според кои емоционалноста е лесен „плен“.

- Не постапувајте зависно, затоа што тие ве одбиваат, советуваат истражувачите.

Недостижноста е вистински предизвик што ќе ги охрабри луѓето да освојуваат. Поставувањето услови, на пример, околу местото и времето на состанокот, дава впечаток дека имате друг избор.

Откако ќе се воспостави врска, за да се задржи првичниот интерес, важно е да не ги заборавите пријателите, кариерата и сопственото хоби, всушност сè што ве дефинирало пред да стапите во врска.

Идеализирањето на партнерот честопати ја придружува првичната заљубеност, но може да биде стапица ако резултира со потценување на самиот себе, советуваат психолозите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk