logo
logo
logo

Сте се прашале ли зошто „ВИСИТЕ“ на социјалните мрежи?!

Vecer | 11.11.2024

Сте се прашале ли зошто „ВИСИТЕ“ на социјалните мрежи?!

Мета, компанијата зад Фејсбук и Инстаграм, неодамна објави дека корисниците поминуваат значително повеќе време на овие социјални мрежи, и тоа благодарение на новиот алгоритам заснован на вештачка интелигенција. Со оваа иновација, вештачката интелигенција не само што ги анализира навиките на корисниците, туку и создава персонализирани вести што ги држат приковани на екранот.

Резултатите? Времето кое корисниците го поминуваат на Фејсбук пораснало за 8%, додека на Инстаграм за 6 %. Експертите проценуваат дека ова би можело да значи дури 15 дополнителни часови месечно поминати на овие апликации!

Ако сте се прашувале зошто никогаш не можете да се исклучите од социјалните мрежи, ова е одговорот: алгоритмите сега работат за вас, а не за вашето добро. Со новиот „фид“ што ќе биде целосно генериран преку вештачка интелигенција, Мета има големи планови за зголемување на ангажманот и приходите од реклами.

Но, постои и друга страна на медалот – дополнителните трошоци за развојот на вештачката интелигенција ќе бидат значителни. Но, како што се чини, Мета е подготвена да вложи за да го задржи корисничкото внимание и да ги максимизира своите приходи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk