logo
logo
logo

СТЕ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОРОНА? Тогаш имунитет ќе ви трае со години, тврдат научниците

Vecer | 27.05.2021

СТЕ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОРОНА? Тогаш имунитет ќе ви трае со години, тврдат научниците

Имунитетот кој се стекнува од коронавирусот, без разлика дали по прележување или вакцинирање, може да трае со години.

Според наводите на истражување објавено во магазинот Nature, клетките кои ја задржуваат меморијата на вирусот преживуваат во коскената срж можат да активираат антитела кога и да е потребно. Овој процес теоретски е поизразен кај оние кои прележале, а потоа се вакцинирале. Малку послаба реакција би имале оние кои се вакцинирани, а притоа никогаш не прележале ковид-19.

Друга студија, објавена на BioRxiv, открила дека таканаречените мемориски B клетки продолжуваат да созреваат и зајакнуваат најмалку 12 месеци по првичната инфекција.

„Написите се во согласност со сѐ побројната литература што сугерира дека имунитетот предизвикан од инфекција и вакцинација против SARS-CoV-2 се чини дека е долготраен“, вели имунологот Скот Хенсли.

Досега се претпоставуваше дека имунитетот е минлив и дека ќе бидат потребни повеќе ревакцинации. Но, ова дава надеж дека можеби и стекнатиот имунитет ќе трае подолго отколку што теоретски се претпоставуваше првично.

Сепак, резултатите од двете истражувања не се конечни, а во поголемиот дел од случаите сето ова зависи и од индивидуалната толеранција на секое дело, како и имунолошкиот одговор на поединецот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk