logo
logo
logo

Станиша има свој ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА: Има 90 години, но се чувствува како младич благодарение на напитокот кој тој го прави!

Vecer | 19.09.2021

Станиша има свој ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА: Има 90 години, но се чувствува како младич благодарение на напитокот кој тој го прави!

За време на пандемијата со коронавирусот, еден од најпродаванте производи е козјото млеко кое со години се користи и како храна, но и како лек. Често се вели дека козата е подвижна аптека, па така се повеќе луѓе се одлучуваат да одгледуваат кози. Лековитите својства на ова млеко се добро познати на сите, меѓутоа има уште еден производ кој е исто така многу здрав но и баран.

-Козјата сурутка е вистински еликсир на младоста и здравјето, а е и корисна за сите органи. Го зајакнува имунитетот, има 40 отсто протеини во себе и е често користена од спортистите за зајакнување на мускулите. Јас чувам кози цели 26 години и никогаш немало поголема побарувачка за овие производи. Млекото се дава и на деца со респираторни проблеми и слободно можам да кажам дека сурутката е производ број 1 во моментов, изјави за РИНА, Станиша Павловиќ од село Трбушани во близина на Чачак.

Овој витален старец иако е во деветтата деценија од својот живот, сепак вели дека никогаш не оди на лекар и верува дека своето здравје и здравјето на своето семејство го должи на козите. Тие не се животни кои бараат премногу нега, а се профитабилни. Она што ќе го измолзи преку ден веднаш го продава, но сурутката му оди како алва.

Начинот на подготвување е исклучително лесен и едноставен.

-Веднаш по молзењето, козјото млеко се вари. Одма се става во фрижидер да се олади па се враќа во шпорет, се додава маја и се остава да отстои да се направи грутка. Тоа значи дека сирењето е готово. Се остава цела вечер да се цеди и така се добива првокласна сурутка. Кога ќе ја пробате е како мелем и веднаш чуствувате олеснување и свежина и тоа бидејќи сите ваши сетила се активирани, додава Павловиќ.

Станиша додава дека него не му се потребни никакви лекови ниту антибиотици.

-Возев автобус и патував низ цела Европа. Во Германија видов дека тамошните граѓани кои одгледуваат крави имаат само една коза. Млекото од неа го користат за свои лични потреби, вели тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk