logo
logo
logo

Среќа во несреќа: Мал авион едвај слета на преполн автопат во Калифорнија (ВИДЕО)

Vecer | 13.08.2022

Среќа во несреќа: Мал авион едвај слета на преполн автопат во Калифорнија (ВИДЕО)

Слетувањето на ова неверојатно видео помина добро за патниците, иако е тешко да се каже така од снимката.

Ситуацијата се случила на 9 август во 12:30 часот во Калифорнија (САД) кога мал рекреативен авион со пилотот Ендрју Чо доживеал дефект на моторот при летот и морал да изврши итно слетување.

Соочен со таква опасна ситуација, Чо ги анализирал сите можности и гледајќи дека е невозможно да стигне до аеродромот, решил да слета на автопатот 91, во близина на градот Корона. Тоа била најдобрата алтернатива, но не било лесно бидејќи во тоа време автопатот бил најфреквентен.

И покрај сообраќајот, а како што може да се види на видеото снимено од камерата од автомобил, што се наоѓал малку пред местото каде што се случило принудното слетување, пилотот успеал да слета без да се судри со ниту едно возило. Сепак, ударот на земјата бил посилен од идеалниот, поради што при маневарот изгубил контрола и го скршил едното крило.

Поради ова, авионот се свртел и тргнал настрана, за среќа без да допре ниту еден автомобил што во тој момент се движеле на автопатот.

И покрај тоа, ударот предизвикал излевање на големо количество гориво кое во комбинација со искри од трупот што се влече по асфалтот, предизвикало инстантно светкање кое сигурно ги исплашило возачите.

И покрај спектакуларниот карактер на настанот, за среќа нема повреден ниту еден човек во целиот инцидент: и Чау и неговиот сопатник го напуштиле авионот на свои нозе, а никој од патниците во возилата не е повреден.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk