Училиште во Србија им забранило на учениците да носат бермуди на часовите, па еден ученик дошол до „генијална“ идеја како да го заобиколи ова правило, па со неа се пофалил на „Тик-ток“… Видеото со наслов „Ги почитувам сите правила“, за неколку дена собра над 800.000 прегледи.

Имено, момчето од едно средно училиште дошло на часовите облечено во фустан.

- Нели не е дозволено да доаѓаш на училиште во „шорцеви“? – Не е дозволено. Брате, па јас ќе доаѓам во фустан како маж. Ајде избркај ме сега... Колку добро ми стои…, вели ученикот, кој патем, фустанот го позајмил од мајка си.