logo
logo
logo

Срце да ти пукне: Емотивна средба на татко и син, кои не се виделе цели 57 години (ВИДЕО)

Vecer | 27.04.2021

Срце да ти пукне: Емотивна средба на татко и син, кои не се виделе цели 57 години (ВИДЕО)

Овој викенд се случила емотивна средба помеѓу татко и син кои не се виделе 57 години.

Ричард МекКлири последен пат го видел својот син Џими кога тој сè уште бил бебе, а потоа мајка му го дала бебето на посвојување и се изгубила трагата од него.

"Го држев двапати. Во моето срце имаше празнина 57 години", рече Ричард.

Кога пораснал, Џими решил да се обиде да ги најде своите биолошки родители и направил ДНК-тест не знаејќи дека Ричард го сторил истото. Кога откриле дека се поврзани, се покажало дека таткото и синот живеат на само 30 минути возење далечина, во Јужна Каролина, пренесува ABC News.

По емотивната прва средба, тие одлучиле да поминат некое време заедно, за да се запознаат и да надоместат од изгубеното време.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk