logo
logo
logo

Спортска арена и снимање филмови во вселената во 2024 - ВЕЛАТ ДЕКА Е МОЖНО

Vecer | 23.01.2022

Спортска арена и снимање филмови во вселената во 2024 - ВЕЛАТ ДЕКА Е МОЖНО

Space Entertainment Enterprise (S.E.E), компанијата која е копродуцент на новиот вселенски филм на Том Круз, планира да лансира вселенска спортска арена и продукциско студио.

Планот е да се изгради вселенска станица со спортска и забавна арена, како и студио, а имаат намера да го сторат тоа до крајот на 2024 година. SEE-1 е модул кој ќе биде домаќин на филмски, телевизиски, музички и спортски настани, но ќе има и простор за креативци кои сакаат да доловат каква било содржина во ниска орбита.

Ќе може да се развива, продуцира, снима и емитува која било содржина.

С.Е.Е. планира да креира своја содржина, но и да одржува настани.

За изградбата на модулот SEE-1 ќе се погрижи и Akiom Space, која доби дозвола за изградба на комерцијална компонента за Меѓународната вселенска станица во јануари 2020 година.

Модулот ќе се спои со станицата Акио, која е дизајнирана да стане дом за комерцијални потфати, вклучително и вселенски туризам.

Станицата Акиом ќе се одвои од MSS 2028, а SEE, основана од британските претприемачи и продуценти Елена и Димитриј Лесневски, моментално собира средства, тврдејќи дека ова е можност човештвото да се пресели во други светови и да започне ново возбудливо поглавје во вселената.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk