logo
logo
logo

Спасувачки екипи барале жена која се дави во морето: Циркузот се случил кога сфатиле што спасуваат (ФОТО)

Vecer | 24.06.2021

Спасувачки екипи барале жена која се дави во морето: Циркузот се случил кога сфатиле што спасуваат (ФОТО)

Спасувачките екипи на Јапонија деновиве се хит на социјалните мрежи откако успешно спасиле "жена" која се дави во морето.

Јутуберката Танака Нацуки снимала рандом видео кога забележала дека екипи на полицијата, противпожарната единица и амбулантни возила се движат кон брегот на Хакиноха на северно источниот дел на земјата, пишува Дејли Мејл.

Нацуки верувала дека е сведок на акција за спасување на еден живот, се додека во еден момент екипите на терен извадиле гумена еротска кукла од водата.

Куклата некое време плутала по водата, па дел од граѓаните мислејќи дека станува збор за жена решиле да викнат Брза помош.

Друг сведок кој присуствувал на операцијата за спасување на еротската кукла напишал: Ова е смешно, не сигурно не им е смешно на припадниците на итните служби. Фрлајте си го ѓубрето во канта за отпадоци, а не во вода.

Имено, на годишно ниво во Јапонија се продаваат околу 2000 еротски кукли а една вреди 6000 американски долари, велат експертите од оваа индустрија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk