На Одделот за дерматовенерологија и дерматологија во склоп од Центарот за перфекција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за пациентите достапни се нови врвни и докажани козметички третмани кои обезбедуваат луксузна нега на вашето лице.

Станува збор за третмани кои се изведуваат со врвна германска козметика и кои не дејствуваат само на површината на кожата, туку го постигнуваат својот ефект длабоко во кожата и обезбедуваат долгорочно подобрување на профилот на кожата.

За првите 50 закажани  третмани – луксузен третман ботокс со платина, кавијар луксузен третман, третман со арган маска, третмани за хидратација, третман за сензитивна кожа, третман за масна и комбинирана кожа, третмани за зрела кожа, како и третман со органска козметика на Одделот за дерматовенерологија и естетска дерматологија при „Аџибадем Систина“ следува промотивен попуст од 30 проценти.

Овие третмани се изведуваат со Beauty tower мултифункционален апарат кој располага со вудова лампа со UV-светлина овозможува прецизна процена на состојбата и потребите на кожата, ротациони четки кои овозможуваат длабинско чистење на кожата и отстранување на површинскиот слој на изумрени клетки, зумирачка лупа, топла пареа со озон која ја затоплува кожата и ги шири порите со што овозможува детално чистење на митесерите и акните, како и подобрување на микроциркулацијта, висока фреквенција во комбинација со озон со што се врши дезинфекција на кожата по дерматолошките процедури, топло-ладна терапија – топлата терапија ја релаксира кожата и ја подготвува за третман, додека ладната терапија го смирува црвенилото и ги затвора порите и вакуумска терапија и масажа за стимулирање на циркулацијата, тонирање и рејувинација на кожата.

Луксузен третман ботокс со платина – уникатен третман за подмладување на кожата, со кој се постигнува ефект на хидратација, измазнување и лифтинг на лицето.

Биоцелулозната маска како дел од овој луксузен третман ги опфаќа контурите на лицето и дејствува како втора кожа за време на третманот.

Микровлакната формираат 3Д-мрежа преку која активната хидратација дејствува како инфузија на кожата на лицето.

Се препорачива по инјектирање на хијалуронски филери и ботокс со што се одржуваат резултатите од филерите подолг временски период.

Кавијар луксузен третман – овој третман е исклучително ефикасен против знаците на стареење на кожата.

Аминокиселините, липидите и витамините кои се содржат во производите за кавијар третман ја хранат кожата и го ревитализираат нејзиниот метаболизам.

Уморната и истоштена кожа повторно заживува, со што се подобрува профилот на кожата.

Се намалува длабочината на брчките и линиите и се подобрува еластичноста и отпорноста на кожата.

Третман со арган маска – аргановото масло заедно со есенцијалните масни киселини кои ги содржи во комбинација со хијалуронската киселина од морските алги претставува одлична основа за брза хидратација и зголемена способност за задржување на влажноста во длабоките слоеви на кожата.

Докажано го стимулира создавањето нанови клетки, особено кај зрелата кожа која има недостиг на липиди и ја подобрува нивната функција со што се пополнуваат брчките, се подигнуваат контурите и одлично се задржува влажноста на лицето.

Екстрактот од морски анасон ја одржува кожата мека и цврста, истовремено зајакнувајќи ја нејзината бариерна функција.

Аргановото масло ја снабдува кожата со вредни масни киселини, го одржува природниот хидро-липиден филм на кожата и штити од слободните радикали.

Витаминскиот комплекс А, Ц, Е ги елиминира слободните радикали кои ја оштетуваат кожата и го спречува стареењето.

Третман за хидратација  – третман наменет за задржување на свежината и убав младешки изглед.

Се препорачува барем 2 пати во месец да се направи ваков третман за хидратација, подмладување и обликување на контурите на лицето.

Без разлика дали се користи крем маска, пил оф маски или колагенски маски, третманот за хидратација ја снабдува кожата со доволна количина на влажност, за да можат да се пополнат линиите предизвикани од сувост и да се спречи дехидрирање на кожата, особено во летниот период.

По овој ултра навлажнувачки и потхранувачки третман, клиентот добива сензацијата на свежина, мекост, сјај и свилен допир.

Третман за сензитивна кожа – чувствителноста на кожата не може сама од себе да се коригира. Голем број внатрешни и надворешни фактори, особено во летниот период, влијаат кожата одново и одново да стане пречувствителна.

Третманот дејствува во најдлабоките слоеви на кожата, каде што се обновува природниот имунитет, ја смирува иритацијата и ја навлажнува кожата.

Недостигот на влажност на кожата како иницијален чекор кон преминување на нормалната кожа во сензитивна, веднаш се коригира, со што се намалува чешањето, црвенилото и чувството на затегнатост.

Линиите и брчките се пополнуваат и се зајакнува природниот имунитет на кожата.

Третман за масна и комбинирана кожа  ја нормализира состојбата на иритираната кожа и локално се бори против воспаленијата.

За време на третманот се прави темелна ексфолијација за да се отстрани хиперкератозата и да се отворат затнатите пори.

Се регулира прекумерната секреција на себумовите жлезди и се намалува отворот на порите.

Локалните воспаленија на кожата се смируваат и се губи непријатниот масен сјај од површината на кожата.

Лицето повторно го добива својот здрав изглед.

Третмани за зрела кожа – третманите за зрела кожа се скроени по мерка според потребите на кожата на која веќе ѝ е потребна дополнителна нега.

Клеточниот комплекс за регенерација создаден од комбуха со ферментиран црн чај и црвена детелина се бори против ендо и егзогените фактори на стареење, матичните клетки од малина и алпска роза го стимулира создавањето нови клетки и го подобрува и зголемува квалитетот на структурата на кожата.

Благодарение на активните состојки интензивно ја навлажнува сувата и истоштена кожа со што се пополнува длабочината на брчките, додека антиоксидантите ги елиминираат слободните радикали кои настануваат со изумирање на клетките и го зголемуваат природниот имунитет на кожата.

Клиентите се задоволни со затегнатите контури на лицето и новиот свеж изглед.

Третмани со органска козметика – единствен концепт на нега со природна и органска козметика кој ја поддржува физиолошката активност на кожата и нејзината сопствена сила на хранење и обновување.