logo
logo
logo

СОВЕТИ ЗЛАТО ВРЕДНИ: Како да сварите тестенини, а да не се залепат

Vecer | 27.11.2022

СОВЕТИ ЗЛАТО ВРЕДНИ: Како да сварите тестенини, а да не се залепат

Готвењето тестенини обично е многу едноставен процес, но ако се пропуштат неколку детали, може да се најдете во неволја. Една од најчестите е кога ќе сфатите дека повеќе тестенини има на дното од тавата отколку во чинијата.

Иако изгледа многу едноставно, што всушност е, понекогаш готвењето тестенини може да биде многу фрустрирачко. Само неколку погрешни чекори, на кои не им обрнуваме доволно внимание, па тестенините ќе ви се залепат на дното од тавата, а вие ќе бидете гладни. И да не зборуваме за чистењето што ве чека...

Доволно количество на вода

Една од причините зошто тестенините толку лесно се лепат е тоа што ослободуваат скроб кога се варат во вода. Препорачаниот сооднос е еден литар вода на 100 грама тестенини. Со користење на правилна количина на вода, концентрацијата на скроб ќе биде доволно ниска и ризикот од лепење значително ќе се намали.

Често мешајте

Мешањето е најдобрата техника за да се спречи лепење. Ставете ги тестенините во зовриена вода, а потоа намалете ја топлината на тивко да врие. На овој начин полесно се меша без ризик од изгореници од пареата, а водата нема премногу да се пени. За време на готвењето не мора постојано да мешате, само погрижете се добро да се промешува неколку пати на почетокот, средината и крајот на готвењето.

Заборавете на додавање масло за време на готвењето

Додавањето масло за време на готвењето дефинитивно нема да го спречи лепењето на тестенините, но она што можете да го направите, особено ако планирате повторно да ги загреете тестенините подоцна, е да ги прелиете со маслиново масло по готвењето.

 

ulje, kuvanje, hrana

Сол

Солта не го спречува лепењето и нема да помогне водата да зоврие побрзо. Додавањето сол пред да зоврие водата всушност ја намалува точката на вриење, но за да се направи забележителна разлика, потребна ви е навистина голема количина сол. Значи, солта не го спречува лепењето на тестенините и можете да ги додадете пред или откако ќе зоврие водата, но внимавајте секогаш да ја посолувате водата бидејќи во спротивно ќе завршите со невкусно јадење.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk