Совети за отстранување дамки од црвено вино

Добро е познат советот за чистење дамки од црвено вино со помош на бело вино, но дали е ефективен?

Одговорот е – делумно.

Белото вино може да ги разреди дамките од црно вино, велат експертите, но исто така е и штета да се користи толку добро вино.

Водата е поевтина, а ефектот врз свежите дамки од виното е подеднакво добар. Течноста треба да се истури малку за да ја разреди дамката, а потоа да се впие со сува крпа.

И млекото може да разредува дамки од црвено вино, но исто така е поскапо од водата и содржи масти и протеини, кои можат да останат на ткаенината.
Друга  опција е посипување со сол, која исто така може да апсорбира дел од црвеното вино.

Во секој случај, најважно е да се обидеме да ги исчистиме дамките што е можно поскоро.

Ткаенините на кои веќе се исушила дамката, може да се исчистат со класичен детергент кој обично содржи супстанции за избелување.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари