Совети од доктор Оз: 3 брзи решенија против стрии

Исто како и брчките и целулитот, стриите спаѓаат во групата на најомразените женски проблеми. Факт е дека е невозможно целосно да се отстранат, но со правилна метода и квалитетни препарати, резултатите може да бидат зачудувачки добри.

Популарниот доктор Оз ги понуди овие 3 решенија:

1. Лосион со витамин Ц

„Изгледа едноставно, но ако набавите лосион кој содржи витамин Ц ќе го олесните создавањето на колаген. Овој витамин ви помага да ја вратите еластичноста на кожата, што резултира со помалку видливи стрии."

Доволно е да го користите лосионот наутро и попладне за да добиете брзи резултати.

2. Крема со третоноин

Кремите со третоноин се достапни на рецепт и се соодветни за свежо настанатите стрии кои се потемни од остатокот од кожата.

„Третманот претставува посебен облик на витамин А кој мора да го практикувате најмалку 12 недели за да забележите резултати. Доколку ова решение ви е скапо, најдобра алтернатива се кремите со ретинол."

3. Микродермабразија

Под микродермабразија се подразбира нежна ексфолиација и полирање на кожата за да се минимизираат сите несовршености.

„Микродермабразијата и дозволува регенерирање на кожата така што буквално ги отстранува сите несовршености од површината. Не боли, а му дозволува на телото само да ги излечи стриите."

Поврзани

Најнови вести

Коментари