logo
logo
logo

СОПСТВЕНИК НА РЕСТОРАН СМИСЛИЛ УЖАСЕН ПЛАН: ДРО*ИРАЛ гости за да станат зависници од неговата храна

Vecer | 24.07.2021

СОПСТВЕНИК НА РЕСТОРАН СМИСЛИЛ УЖАСЕН ПЛАН: ДРО*ИРАЛ гости за да станат зависници од неговата храна

Смислил бизарен план кој многу брзо пропаднал.

Гледајќи дека полека но сигурно губи трка со рестораните во сосетството, сопственикот на еден угостителски објект во кинеската провинција Гуангши се досетил како да ги намами гостите и да ги врзи за своето мени.

Сопственикот на ресторанот решил да ги дрогира муштериите така што во нудлите ќе става опиум.

Неговата лоша намера откриена е сосема случајно – еден од гостите кој подоцнана улица направил прекршок, тестиран е во полиција и тогаш е откриено дека во себе има морфиум.

Човекот бил целиот во шок од наодите и цело време тврдел дека своеволно не земал дрога, туку дека единствено нешто што консумирал била чинија нудли во ресторан.

Полицијата ненадејно го посетила угостителскиот објект и открила кесички со прав со арома на полжави која била позитивна на морфиум, пренесува Занимливости на денот.

Подоцна е откриено уште 76 грама прав од семе на афион, а сопственикот, Јанг бил уапсен. Тој признал дека користел прав како и тајна состојка со која ќе ги навлекувал муштериите. Рекол дека сам посадил афион пред неколку години а семето го мелел кога било суво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk