Сопругата на Хакими, обвинет за силување: Морав да се соочам и со овој срам (ФОТО)

Имено, Хакими беше обвинет за силување девојка, по што беше објавено дека Хиба и фудбалерот се разведуваат.
Хиба тврди дека таа и Хакими биле разделени неколку недели пред да се појават обвинувањата против него. „Реалноста е дека пред извесно време, по долго размислување, јас и таткото на моите деца донесовме одлука да ја прекинеме врската, многу пред настаните во кои бев вклучена во медиумите и за кои не бев целосно свесна.“ изјави таа за шпански Ел Паис.
Таа ги опиша обвиненијата за силување како „срамота“.
„Откако ја донесовме одлуката законски да се разделиме и да престанеме да живееме заедно, во очекување на бракоразводната постапка, кој би помислил дека, покрај тоа што ќе се соочиме со вообичаената болка што доаѓа со разделбата и ќе ја прифатиме таа болка од неуспехот на семејниот проект на кој му дадов моето тело и душа, би морала да се соочам и со овој срам“, додаде таа.
Абук е активистка за човекови права и бегалци од почетокот на нејзината актерска кариера. „Се подразбира дека во мојот живот отсекогаш сум била и ќе бидам на страната на жртвите. Затоа, со оглед на сериозноста на обвиненијата, можеме само да веруваме во добрата работа на судството“, рече таа.
Да потсетиме, 24-годишна девојка го обвини Хакими за силување. Додека Хиба била во Дубаи со децата, Хакими наводно ја поканил девојката во својот дом откако извесно време се допишувале на Инстаграм.
„Во неговиот дом работите излегоа од контрола. Ме бакна во уста, ми ја соблече облеката од градите иако реков дека не сакам да го направи тоа. Ме допре до вагината иако не го сакав да го направи тоа“, се наведува во исказот на жртвата. Француските медиуми објавија дека таа успеала да го оттурне фудбалерот и да повика еден од пријателите да дојде да ја земе. Хакими ги негира обвинувањата.