logo
logo
logo

СОНУВА КОЖАТА ДА ЈА ЗАМЕНИ СО МЕТАЛ! Сака да изгледа како вонземјанин, ШОКИРА со ИЗГЛЕДОТ!

Vecer | 01.12.2021

СОНУВА КОЖАТА ДА ЈА ЗАМЕНИ СО МЕТАЛ! Сака да изгледа како вонземјанин, ШОКИРА со ИЗГЛЕДОТ!

Ентони Лофреди сака да изгледа како вонземјанин, па затоа си го отстранил носот и горната усна. Со својот изглед шокирал многумина, но решен во идејата да продолжи да го модифицира своето тело.

Освен тоа си го исекол и јазикот, а телото си го прекрил со тетоважи, вклучително и капаците. Своето „патување“ го нарекол The Black Alien Project. Хируршките зафати ги обавил во Шпанија затоа што тие се илегални во Франција каде што е роден.

Признал дека има потешкотии со говорот заради отстранувањето на горната усна, но вели сепак не сака да се откаже од своите намери. Рекол дека сонува за тоа да си ја излупи кожата и да ја замени со метал.

 

 

Навел дека наскоро ќе ги модифицира рацете, нозете и тилот. Му се заблагодарил на хирургот кој му го отстранил носоит пишувајќи: „Благодарение на тебе можам да одам со крената глава. Горд сум на она што заедно го осмисливме и направивме.“

Објаснил и дека уште од детството ги сакал трансформациите на телото. Работел како чувар кога сфатил дека сака да си го смени животот. Дал отказ кога имал 24 години и се преселил во Австралија.

- Замислувам дека имам улога на негативец и дека ноќе ги плашам луѓето, особено во темни премини. Го истражувам односот меѓу она што го глумам и вистинскиот јас, додал.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk