Збогум на целулитот

Со помош на овие три состојки ќе имате совршена кожа

Кога е во прашање борбата со целулитот, секој совет на жените добро им доаѓа

Постојаната борба со целулитот трае, но нам во таа борба можат да ни помогнат некои намирници кои секојдневно ги користиме, а при тоа во нив и уживаме. Една од нив е медот. 

Една од водечките лондонски стручњачки за кожа Наталија Робинсон предлага за намалување на целулитот да направите комбинација од мед, сода бикарбона и малку вода. Оваа смеса треба да се втрие во кожата, затоа што медот и масажата ја поттикнуваат циркулацијата и го подобруваат протокот на лимфа. Медот е природен лек кој влијае на детоксикацијата и на тој начин ја прави кожата мазна.

Подготовка на смесата за третман:

Измешајте лажица мед со лажица сода бикарбона и додадете малку вода, смесата треба да може лесно да се размачкува. Нанесувајте ја оваа смеса на местото каде што имате целулит, а потоа поинтензивно масирајте околу три минути. Потоа измијте со комбинација од ладна и топла вода.   

Поврзани

Најнови вести

Коментари