logo
logo
logo

Со помош на еден трик од Тикток, оваа жена се обиде да изгледа визуелно повисоко (видео)

Vecer | 12.02.2024

Со помош на еден трик од Тикток, оваа жена се обиде да изгледа визуелно повисоко (видео)

Речиси не постои жена која е целосно задоволна со себе, а на сето тоа најмногу влијае модерната технологија која нуди нови трендови за убавина кои многу девојки не можат да си ги дозволат. Лаура Меџиа е тиктокерка која на оваа мрежа ја следат околу 1,8 милиони лица. Таа неодамна сподели видео на кое покажа како својата висина да ја зголемите визуелно со помош на еден трик.

Имено, Лаура покажа како меѓу луѓето во Азија станал популарен трендот со лажни папоци, или тетоважи кои визуелно ја издолжуваат вашата фигура.

 Оваа инфлуенсерка откри дека со поставување на папокот повисоко, вашето торзо изгледа подолго. Иако признава дека тоа е најчудното нешто што го пробала во животот, девојката  лажната тетоважа ја притиска на стомакот, а потоа ја попрскува со вода и чека да се залепи. И самата е зачудена од конечниот резултат.

- Чувствувам дека изгледам пошироко наместо повисоко, но тоа е затоа што сум луда – почнува да вика оваа девојка и несигурно прашува дали трикот воопшто успеал.

Девојката ги прашува своите придружници што мислат за овој трик, а меѓу нив има поделени мислења. Додека некои велат дека тоа воопшто не изгледа „чудно“, други се скептични.

- Дали е до мене, или лажниот папок прави да изгледате пониско наместо да ве издолжи?

- Мислам дека воопшто не личи на папок.

- До мене ли е или оваа изгледа пониско?

- Не, никако.

- Жал ми е што ти противречам, но тебе ти се допаѓа тој папок – беа дел од коментарите на нејзините придружници.

@lauramejiar No se si funciona que dicen uatedes ? #maquillaje #hacks #viral #trending #foryou #parati ♬ original sound - Laura Mejia

На многумина, овој трик не им се допаднал, па препорачуваат да се држиме до природниот изглед и да го прифатиме своето тело. Имаше и такви кои ѝ рекле дека тетоважата со „папокот“ ја поставила превисоко и дека овој трик не делува исто кај сите, туку напротив, некои ги прави визуелно пониски или како што самата инфлуенсерка кажа: „прави да изгледаат пошироко“.

Овие и слични трикови станаа вирални на социјалните мрежи, па помладите генерации сакајќи на каков било начин да го променат својот изглед, посегнуваат по привремени решенија, но, како што се чини, тоа е контрапродуктивно.

Извор: srecna.republika.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk