logo
logo
logo

Со нив не си фаќајте работа! Ако раскинете, брзо ќе ве заборават

Vecer | 07.05.2021

Со нив не си фаќајте работа! Ако раскинете, брзо ќе ве заборават

Секој од нас на различен начин го поднесува раскинувањето. Но, има и такви за кои патењето е само губење време. Брзо застануваат на нозе по раскинувањето, лесно можат да преболат и да продолжат со животот, најчесто како ништо претходно да не се случило.

Според астрологијата, овие тројцата среќници:

ОВЕН

Овните немаат потреба да страдаат по поранешната љубов – кога еднаш е готово, готово е засекогаш. По раскинувањето, никогаш не се активни баратели на нова врска, туку само го вклучуваат својот шарм и новата љубов доаѓа сама.

БИК

Колку и да страда, не дозволува таа тага и болка да го обземе. Бикот по раскинувањето ќе си даде доволно време да запознава нови луѓе и да избира, а во новата врска ќе влезе без да влече „багаж“ од минатото.

ЛАВ

Лавовите иако се емотивни и импулсивни, кога се раскинувањата во прашање, многу се разумни. Чувствуваат болка, но повеќе поради повредената гордост. Не страдаат долго, бидејќи се свесни дека тоа се случило со причина и дека ослободиле место за нешто далеку подобро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk