logo
logo
logo

Со МАСЕРАТИ тргнал да се спушта по Шпанските скали (Видео)

Vecer | 17.05.2022

Со МАСЕРАТИ тргнал да се спушта по Шпанските скали (Видео)

Италијанската полиција уапси 37-годишен маж кој возел изнајмен масерати по познатите римски скали на Тринита деи Монти познати и како Шпански скали. На снимката од CCTV се гледа како возилото се спушта по скалите во раните утрински часови.

Очигледно, возачот на масератито навистина не размислувал за овој бизарен потфат бидејќи регистарските таблички биле целосно видливи и локалните власти можеле брзо да го најдат откако утврдиле дека возилото припаѓа на компанија за изнајмување автомобили со седиште во Милано.

Во својата објава на Фејсбук, римската полиција објави дека успеала да го идентификува возачот благодарение на помошта на споменатата компанија за изнајмување автомобили. Тој бил уапсен на аеродромот Малпенса во Милано кога се обидел да го врати автомобилот.

 

Скај њуз јавува дека автомобилот ги скршил 16.и 29. скала од десната скала додека возел и дека морале привремено да се поправат за Шпанските скали да бидат безбедни за пешаците. Управата за римско наследство соопшти дека некои од фрагментите се повторно прикачени на скалите, но додаде дека ќе биде потребна дополнителна работа за нивно обновување.

По инцидентот откриени се и други, помали штети, кои може да се припишат на истиот настан.

Засега не се познати мотивите на уапсениот 37-годишник за вакво бизарно возење.

Шпанските скали се протегаат од црквата Тринита деи Монти на врвот до Пјаца ди Спања во подножјето. Изградени се помеѓу 1723 и 1725 година и станаа една од најпопуларните туристички атракции во Италија.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk