Снежана Ѓуришиќ прозборе за семејната драма: Мојот син направи многу грешки и сега плаќа за се (видео/фото)

Популарната пеачка прозборела за својот син Марко и проблемите со кои се соочила во изминатиот период

Снимањата на новата сезона "Ѕвездите на Гранд" веќе се во тек и траат повеќе од шест часа дневно, но на Снежана Ѓуришиќ тоа воопшто не и смета, напротив, ја сака својата работа и кога не е на снимање...

Дури и кога е преморена, пеачката е насмеана а има и зошто сега веќе друштво и прави нејзиното момче, гинекологот Вања МИлошевиќ.

- Извесно време не сакавме да се покажуваме во јавноста и да излегуваме заедно, потоа свативме дека не треба да се криеме, бидејќи и двајцата сме јавни личности. Мораше да дојде до тоа во еден момент да не видат заедно. Откога сме заедно немаме никаква криза, убаво ни е одлично се согласуваме- открива Снежана.

Успешноста во работата е само една во низата, а во Вања нашла мирна љубов, но последните месеци проблемите со синот Марко никако да престанат.

- Марко е мое дете, каков и да е – мој е. Можам да кажам се и сешто за него, но секој друг кој ќе каже исто, ќе има работа со мене. Направи многу грешки и сега плаќа за тоа што го направи како и сите други кога ќе направат нешто погрешно. Како мајка сето тоа ми паѓа тешко – вели Снежана

На почетокот на кариерата вели дека се одлучила за потешкиот пат за да успее како пеачка.

- Мледите денеска кои почнуваат да пеат им симињам капа. И јас кариерата ја започнав млада, како дете, но позади себе имав родители кои водеа сметка за мојата кариера, Одев по потешкиот пат, да завршам факултет, па потоа пеење. Со напорна работа и труд постигнав се.Тогаш тоа се правеше така, денеска е сосема поинаку, која покрај Саша Поповиќ е една од најбитните членови на жирито во "Ѕвездите на Гранд".

- Задоволна сум како тргнавме, мноу работи се сменија. На натпреварувачите ќе им биде потешко, мислам дека ќе се снајдат. Оваа година имаме преку 400 кандидати, а сега веќе ни дојде и Ѓорѓе Давид, на местото од Аца Лукас , кој одлично се вклопи во жирито. Тој умее да направи шоу. "Ѕвездите на Гранд" опстојува со години, спонтани сме, нема режирања, а народот тоа го препознава – вели Ѓуришиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари