logo
logo
logo

Словенка си ја отсекла раката за да добие пари од осигурувањето, ќе оди во затвор

Vecer | 25.11.2021

Словенка си ја отсекла раката за да добие пари од осигурувањето, ќе оди во затвор

Имено, на денешното рочиште, нејзиниот партнер Себастиен Абрамов и неговите родители Тинка Хускиќ Коларич и Горазд Коларич ја признале вината.

Адлешич е осудена на една година и седум месеци затвор, а Абрамов на две години и пет месеци. Најголем дел од казните се веќе отслужени во притвор. Денешната пресуда не е правосилна, а ќе се разгледуваат евентуалните жалби. Нејзиниот адвокат рече дека Адлешич дури сега ја признала вината од лични причини.

Да потсетиме, Адлешич на почетокот на 2019 година останала без шака. Таа тврдела дека се работело за несреќа што се случила додека сечела огревно дрво со кружна пила. По неколку дена, барала исплата на отштета од осигурувањето со кое претходно имала склучено договор, но љубљанската полиција брзо открила дека се работи за чиста измама, во која Јулија намерно си ја отсекла раката над зглобот само за да добие пари. .

Обвинителството утврдило дека сè испланирале уште во 2018 година и дека потоа склучиле договор за осигурување со неколку осигурителни компании. Во овој случај, Јулија поради инвалидитет требало да добие над еден милион евра, од кои дел би добила веднаш, а дел во форма на постојан месечен приход.

Исто така, обвинителството тврдело дека нејзиното момче пред несреќата пребарувало на интернет за вештачката, биомеханичка рака, што се вклопува во тезата дека се` било испланирано. Подоцна полицијата го однела отсечениот екстремитет во болница, каде лекарите хируршки и` го сошиле, спасувајќи ја од траен инвалидитет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk