logo
logo
logo

СЛОБОДНИ И СРЕЌНИ! Жените без партнер се НАЈЗАДОВОЛНИ, науката ја објаснува и причината

Vecer | 03.08.2021

СЛОБОДНИ И СРЕЌНИ! Жените без партнер се НАЈЗАДОВОЛНИ, науката ја објаснува и причината

Мажи, ако мислите дека сите жени сакат да бидат во врска – грешите. Понекогаш владее мислењето дека жената сака да биде со некој, да бидат галени и пазени. И тоа е сосема во ред.

Кога се во прашање излегувањата и врски, интелигентните жени се доста пребирливи. Тие повеќе би чекале некој кој во целост им одговара, отколку да се впуштат во врска со кој било само за да не бидат сами.

Неодамнешно истражување докажало дека се поголем број жени се одлучуваат да бидат сингл, а причината е едноставна – така се чуствуваат посреќни.

Извештајот открива дека 61 % од жените во Британија се посреќни кога се слободни во однос на 49 % од мажите. Што е уште поважно, истражувањата покажале дека 75 % од жените дури и не бараат врска.

Која е причината за тоа?

Постојат многу причини кои објаснуваат зошто жените се посреќни кога се слободни. Една од нив би можела да биде дека се ослободни од посветеност и труд кој е потребен да се вложува во врската. Со самото тоа жените имаат повеќе време да се посветат на себе.

Не постои притиск дека мора да ги испочитувате очекувањата на партнерот, од друга страна, пак, го јакнете односот со луѓе во своето опкружување.

Во секој случај секогаш најважно и најточно е подобро да бидете квалитетно сами, отколку да сте во неквалитетна врска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk