logo
logo
logo

СЛАВНИ АНТИВАКСЕРИ: Овие ѕвезди изгубија милиони затоа што не сакаат да се вакцинираат

Vecer | 04.12.2021

СЛАВНИ АНТИВАКСЕРИ: Овие ѕвезди изгубија милиони затоа што не сакаат да се вакцинираат

И меѓу познатите има  такви кои што по никоја цена не сакаат да се вакцинираат. За некои, таа цена е навистина висока, всушност астрономска.

Ајс Кјуб (52), американски рапер и актер, одби улога во комедијата „Oh, hell, no!“ и хонорар од 9.000.000 долари бидејќи единствениот услов да се дојде до сетот беше да се вакцинираат. Продуцентите инсистираа на тоа дека целиот тим мора да има сертификат за Ковид, што Ајс Кјуб го одби.

Американскиот фудбалер Арон Роџерс (38) бил позитивен на тест, но ги лажел новинарите дека е „имунизиран“. Роџерс не е вакциниран и сега се „лади“. Деновиве рече дека има проблеми со палецот и размислува за операција. Кога подетално го прашале за каква повреда станува збор, тој почнал да се “тресе“ за заговори на луѓето од клубот кои на новинарите им шират приказни за неговиот палец.

Еден од ѕвездите на серијата '9-1-1' Рокмонд Данбар (48), одби да се вакцинира, што беше услов да продолжи со снимањето на серијата, па нема да го гледаме повеќе во новите продолженија. Тој рече дека има лични причини за таквата одлука.

- Моите искрени верувања и медицинската историја се моја приватна работа. Тоа е дел од мојот личен живот и никогаш не сум зборувал за тоа, така што нема причина сега да го правам тоа, рече тој.

Како спореден лик добивал околу 100.000 долари по епизода, а секоја сезона има по десет продолженија, па затоа се збогувал со 1.000.000 долари.

Скептици има и меѓу НБА играчите. Еден од нив е Кајри Ирвинг (29), играч на Бруклин Нетс кој се уште не сака да ја прими вакцината. Неговата годишна плата е 35.000.000 долари, што значи дека може да изгуби добар дел од годишната плата. Поранешниот соиграч на Ирвинг, Леброн Џејмс (36), рече дека и тој на почетокот бил скептичен, но дека сега верува дека вакцинацијата е најдоброто нешто што можел да го направи за себе во овие околности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk