Одлучила да му се одмазди за неверството и тоа пред целиот интернет.
Неодамна, на социјалните мрежи се појави видео од девојка која му се одмаздува на своето момче кое ја изневерило.
Впрочем, таа кога дознала дека нејзиното момче ја изневерило, одлучила да го однесе на педалинка на стотина метри подалеку од брегот, за наводно да уживаат во пливањето.
View this post on Instagram
На снимката се гледа како се оддалечуваат од брегот, тој нема поим што го чека, се спушта по тобоганот, а во тој момент девојката брзо заминува од него додека тој останува шокиран.
"Измамник еден, те оставам тука па јави и се на другата да дојде по тебе", се слуша на снимката.
"Но, почекај", извикало шокираното момче.