logo
logo
logo

Скокна од 3 кат во канал во Венеција - Градоначалникот: Заслужува ДИПЛОМА за глупавост (ВИДЕО)

Vecer | 25.03.2023

Скокна од 3 кат во канал во Венеција - Градоначалникот: Заслужува ДИПЛОМА за глупавост (ВИДЕО)

ИТАЛИЈАНСКИТЕ власти трагаат по маж кој во четвртокот скокнал од трикатница во канал во Венеција. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро објави се на Твитер, велејќи дека за неговиот потег треба да добие „диплома за глупост“.

„Се обидуваме да го идентификуваме, да го пријавиме, него и неговиот пријател кој го направи глупавото видео“, рече Бруњаро. Градоначалникот, исто така, рече дека испратил полиција во зградата за да утврди како човекот можел да влезе во приватната станбена зграда и како успеал да стигне до покривот.

„Тој го ризикуваше својот живот. Овие криминалци не ја разбираат опасноста што ја создаваат во овој град, што ако одоздола минува брод? Тие ги прават овие глупави работи на социјалните мрежи за лајкови“, рече тој.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk