logo
logo
logo

Скијатос: Авион толку ниско слетал што луѓето морале да клекнат (ВИДЕО)

Vecer | 11.08.2022

Скијатос: Авион толку ниско слетал што луѓето морале да клекнат (ВИДЕО)

На Јутуб се појави видео снимка од слетување на авион на аеродромот во Скијатос, соседна Грција, каде луѓето присутни во близината на пистата за слетување биле принудени да клекнат.

Аеродромот Скијатос повторно е во центарот на вниманието откако на интернет кружи видео од екстремно ниско слетување на авион.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=pN40Pxs27Sw&t=84s[/embed]

 

Како што може да се види на видеото, леталото, Ербас, а не пропелер, се наоѓа на само неколку метри над земјата, поради што случајните минувачи кои го снимале слетувањето со мобилните телефони, биле принудени да се наведнат или да избегаат.

Авионот Ербас е на унгарскиот „Виз ер“, еден од нискобуџетните превозници, бил толку блиску до земјата и светот што само со гледање на видеото можете да се исплашите.

Како што пишуваат грките медиуми, туристка која пред неколку недели била во искушение да го сними полетувањето на авион од многу блиску, била толку исплашена што завршила во морето!

Претходно, на почетокот на јули, 61-годишна Британка паднала на земја од терасата на која се качила за да сними од подобра позиција, полетување на авион. Нејзиниот пад за жал резултирал со повреди на мозокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk