logo
logo
logo

СКАПА ТАЈНА: Дечкото ја оставил оти ГО ИЗМАМИЛА, ама не со друг

Vecer | 10.03.2021

СКАПА ТАЈНА: Дечкото ја оставил оти ГО ИЗМАМИЛА, ама не со друг

Постојат приказни кои се толку бизарни што не верувате дека се вистинити, а една од нив е и оваа исповед на млада Британка со која момчето раскинала од сосема неверојатна причина и тајна која не сакала да му ја открие.

- Бевме во врска три години, па дури и живеевме заедно. Кога се преселив кај него, се согласив да станам веганка како него. Сепак, по неколку месеци почнав да имам криза, а ноќе сонував крцкаво пилешко од Мекдоналдс. Наскоро започнав да се прикрадувам од дома барем двапати на ден за да скокнам до Мекдоналдс, започна таа.

Потоа додава дека секогаш лажела каде ќе оди. На пазарење, кафе со пријателка и слични лаги. Затоа секогаш на враќање  купувала по нешто за дома.

- Го правев тоа неколку месеци, но тој стануваше сè посомнителен и пред неколку дена ме обвини дека го изневерувам и раскина со мене. Логично, му реков што навистина правам, но тој не ми веруваше, објаснува таа.

Сега вели дека тој се уште е убеден дека приказната за Мекдоналдс е изговор за изневерувањето

- Како да му докажам дека не го изневерив? Никогаш не можев да помислам дека мојата врска ќе заврши поради нешто толку глупаво, вели таа.

Следуваа бројни коментари, а некои се смееја на овој исход, додека други многу посериозно ја сфатија работата и рекоа дека нејзиното момче ја сторило вистинската работа затоа што го излажала и не била искрена со него.

- Кога ќе направите нешто зад грбот на партнерот, тоа ќе ви се врати некогаш, стои во еден од коментарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk