logo
logo
logo

СКАП РАЗВОД: Треба да и плати на жената ЗА СЕ ШТО МУ РАБОТЕЛА ПО ДОМА

Vecer | 24.02.2021

СКАП РАЗВОД: Треба да и плати на жената ЗА СЕ ШТО МУ РАБОТЕЛА ПО ДОМА

Разводот е скапа работа, а тоа најмногу го знае еден Кинез на кому судот во пекинг му наредил да и плати пари на неговата сопруга за извршување на домашните работи за време на бракот.

Таа ќе добие 50.000 јуани (7.700 американски долари, околу 6.300 евра) за петгодишна неплатена работа, објави „Би-Би-Си“.

Случајот предизвика голема дебата на социјалните мрежи за вредноста на домашните работи, а некои велат дека износот на надоместокот бил премал.

Пресудата е донесена откако Кина воведе нов граѓански законик.

Според судските записи, мажот по име Чен минатата година поднел барање за развод од неговата сопруга, по име Ванг.

Таа не сакала да се разведе на почетокот, за подоцна да побара финансиска компензација, тврдејќи дека Чен никогаш не правел домашни работи или се грижел за нивниот син.

Окружниот суд во Пекинг пресудил во нејзина корист, наредувајќи му да и плаќа месечна алиментација од 2.000 јуани, како и еднократно 50.000 јуани за домашните работи.

Според новиот закон, брачниот другар има право да бара надомест на штета во случај на развод ако има поголема одговорност во воспитувањето деца, грижата за постарите и обезбедувањето помош на партнерите при работа.

Претходно, брачните другари можеа да побараат такво обештетување само доколку се потпише предбрачен договор, што е невообичаена практика во Кина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk