Скандал во Велика Британија: Во кралското семејство се организира прво геј венчавање!

Се мисли дека 2018 година е идеална за брак, барем ако се прашате за кралското семејство. После венчањето на годината, на Хари и Меган Маркл, за свој ден од соништата на 12 октомври се подготвува принцезата Јуџин, која ќе се мажи за Џек Бруксбен, а пред нејзе втор пат пред олатар ќе застане и кралскиот роднина Лорд Монтбат

Можеби би не би било ништо претерано интересно, но лордот Ивар Монтбат со своето венчавање нема да влезе во историјата и тоа како прв член од кралското семејство кој ќе се венча со својот долгогодишен партнер Џејмс Којл, а до идниот маж ќе го однесе неговата бивша сопруга Пени, со која има три ќерки.

Помалки замрсено, но интересно, особено бидејќи ова е преседан во кралското семејство. Во очеи на своето венчавање лордот дал интервју за британскиот Дејли мејл во кое рекол:

- Навистина ова сакав да го направам, особено поради Џејмс, кој не бил во брак. За мене бракот е важна работа бидејќи бев во еден во кој добив прекрасни деца, но инситирам на ова бидејќи мислам дека и нему му е многу важно. Џејмс немал стабилен живот како мене, затоа сакам тоа да му го овозможам".

Венчањето ќе се одржи ова лето во приватна капела на селскиот имот на лордот Ивар, а младоженецот открил дека неговите три ќерки се многу весели.

Кога на својата најстара ќерка Ели и спомнав венчавање рекла: "Тато не се грижи, не е тоа веќе така скандалозно. Денеска тоа е сосема нормално", рекол лордот Ивар, додавајќи дека на церемонијата ќе присуствуваат најблиските од семејството и пријатели.

Поврзани

Најнови вести

Коментари