logo
logo
logo

Скандал на избор на убавина: Им ставале ботокс на камилите на трката за 64,5 милиони долари

Vecer | 08.12.2021

Скандал на избор на убавина: Им ставале ботокс на камилите на трката за 64,5 милиони долари

Убавиците биле дисквалификувани од една од најголемите борби досега на фестивалот на камили Абдулазиз, каде одгледувачите се натпреваруваат за околу 49 милиони фунти или околу 64,5 милиони долари парични награди, пренесува „Дејли мејл“.

Судиите на фестивалот, кој се одржува во пустината североисточно од главниот град Ријад, изјавиле дека оваа година користат „специјализирана и напредна“ технологија за откривање измами со вбризгување.

Измамниците користат козметички процедури за да ги измамат судиите кои делат награди врз основа на обликот на главата, вратот, грбот и држењето на телото. Оваа година, властите откриле дека десетици одгледувачи им ги растегнувале „усните и носевите“ на камилите, користеле хормони за зајакнување на мускулите, вбризгувале ботокс во усните на камилите за да ги зголемат, ги надувувале деловите од телото со гумени ленти и користеле филери за опуштање на лицето.

- Клубот сака да се престане со сите манипулации и измами во разубавувањето на камилите - објави денеска саудиската новинска агенција, додавајќи дека организаторите ќе им определат строги казни на манипулаторите.

Не само што третманот е неправеден кон другите одгледувачи, туку и ризикуваат страшни повреди кај камилите. Видеото на кое се гледа камила со испукани усни откако е полна со ботокс на друг саудиски натпревар за убавина стана вирално.

Патем, стотици илјади Саудијци присуствуваат на фестивалот „Кралска камила“, кој вклучува и трки, распродажби и други свечености. На карпестата пустинска висорамнина, владата изградила постојано место за големи настани како што се трки и модни ревии.

Во павилјонот се одржува аукција, каде врвните камили можат да донесат милиони ријали. Има тезги со храна и продавници за сувенири, зоолошка градина со највисоки и најниски камили во светот и музеј со скулптури од песок на камили во природна големина.

Има и шатори за дегустација на млеко од камила и гледање текстил од влакна од камила, како и планетариум кој покажува како Арапите јавале камили низ пустината предводени од ѕвездите.

Ова „село на наследство“ го проширил престолонаследникот Мохамед бин Салман, кој го основал официјалниот „Клуб Камил“ со кралски декрет во 2017 година. Имено, тие се стремат да ја зачуваат улогата на камилите во бедуинската традиција и наследството на кралството. Одгледувањето камили е индустрија вредна повеќе милиони фунти и слични настани се одржуваат низ целиот регион.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk