Сите му се плашат, и таткому е ист, крадел бензин во фирмата каде што работел: Тешки навреди за Дарко ЛАзиќ во Брестаќ

Соседите за маладиот пеач, кои се бори со денови за живот, немаат пофални зборови.

Додека пеачот Дарко Лазиќ (27) се бори за живот новинарите го посетиле Брестач, неговото родно место, за да дознаат што мештаните мислат за нивниот најпознат сосед.

Иако токму поради Лазиќ тоа мало село се прославило, мештаните на тоа не му се благодарни. Напротив. Велат дека би биле многу по спокојни кога тој не би живее тука.

- Дарко стана ѕвезда од кога победи во "Ѕвездите на Гранд". Пред тоа беше само момче кое убаво пееше и со таткому настапува по биртии и кафани. Беа скромно семејство се додека Дарко 2009 година не победи во тоа музичко натпреварување.. Тогаш буквално целото семејство се смени – раскажува анонимен мештанин на селото.

Но дали ова кажување на анонимниот мештанит го делат и другите тргнавме да видиме дали и другите го мислат и другите.

Во центарот на селото, пред црквата Свети архангел Михаил и Гаврил сретнавме две возрасни жени.

- Тој е многу млад и греота е спрема детето кој има... Жал ни е то живееше така динамично... Во селово сешто се збрува. Велет дека поради Ана западнал во долгови, дека таа сакала да живее на висока нога, имала големи барања, дека го изневерувала... незнаеме ништо, така се зборува тука... Како што велат мало е местото и се се знае.

Но еден господин кој излегол од својот двор на својата куќа на излез од селото бил најбрутален.

- Сакате да кажам нешто убаво за него? Тој глумеше шериф овде, како вистински мафијаш. Возеше мотор 200 на час на едно тркало. Автомобилите ги возеше и позади себе оставашае траги од гумите, како на рели трки. Редовно прегазуваше кокошки... Никој ништо не му можеше. Возеше без дозвола, имаше врски секаде. Сите му се плашеа. Таткому е ист, во фирмата во која работел крадел бензин. Сите по тоа го паметат. Целото семејство е такво, никој со нив несака да се дружи – рекол човекот.

Кога го запрашале како не му е срам така да зборува за некој кој се бори за живот... тој бурно реагирал.

- Мене да ми биде срам? Треба да жалам човек кој пиеше и се дрогираше и галамеше овде?! Што ако некој загинеше по негова вина?, Што ако прегазеше некое дете? Што ако некој недолжен настрадаше поради неговото однесување? Што се однесува до мене, не ме интересира и дали ќе преживее, и како во иднина ќе живее, но знам ако се извлече, вака повеќе не ќе може – вели сосед на Дарко.

За да нема забуна, ги имаше и оние кои не сакаа да коментираат, но и оние кои имаа пофални зборови за пеачот но во многу помал број.

Поврзани

Најнови вести

Коментари