logo
logo
logo

Синот направил колачи, мајка му ги однела во дом за стари, АМА ИМАЛЕ ТАЈНА СОСТОЈКА ПА ПОЧНАЛЕ ХАЛУЦИНАЦИИ

Vecer | 19.01.2022

Синот направил колачи, мајка му ги однела во дом за стари, АМА ИМАЛЕ ТАЈНА СОСТОЈКА ПА ПОЧНАЛЕ ХАЛУЦИНАЦИИ

Еден човек од Јужна Дакота си направил колачиња со психоактивната супстанца THC и заминалк на спиење, но проблемот настанал кога мајка му не знаејќи што има во нив ги однела во центар за стари лица. Тогаш настанале проблемите.

„Здраво, полиција, не се чувствувам добро. Гледам некои чудни работи“, бил првиот повик во полициската станица во малиот град Јанктон.

„Нешто чудно ми се случува. Ха-ха“, набргу потоа следел вториот повик.

Наскоро телефонот постојано ѕвонел. Сите тие ги опишале истите „симптоми“. Срцата им чукале,  им се причинувале работи, но сето тоа им било смешно. Некои пријавиле и дека биле отруени.

Полицијата почнала да го истражува случајот и не и требало долго да поврзат се. Сите граѓани кои повикаа полиција ноќта биле во социјалниот центар за стари лица. Сите јаделе колачи.

Утрото полицијата тропнала на вратата на госпоѓата која ги донела колачињата за забавата. Таа им ги дала остатоците и кажала како ги направил нејзиниот син.

Пронајден бил во училиште, каде што предавал музика, објавија американските медиуми.

„Си правев колачи со масло што го донесов од Колорадо. Не знаев дека мајка ми ги зема, но спиев кога излезе од дома“, се бранел 46-годишниот маж.

„Нему му се заканува затворска казна до пет години и парична казна од 10.000 долари“, рече обвинителот за локални медиуми.

Сите граѓани кои јаделе колачиња се опоравиле, а некои дури се шегуваат дека еднаш годишно добро ќе им дојде нешто слично ...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk